Нов шок: Крај за еден од најдобрите играчи на Евробаскет?

127
Фото: ФИБА

Кошаркарската репрезентација на Литванија доживеа голем удар на Евробаскет – плејмејкерот Рокас Јокубајтис го заврши учеството на турнирот поради повреда на коленото.

Според информациите на BasketNews, талентираниот бек наскоро ќе отпатува во Минхен, каде во соработка со лекарите на Баерн ќе направи дополнителни прегледи за да се утврди точниот степен на повредата.

Да потсетиме, Јокубајтис ова лето потпиша договор со германскиот клуб, па сега ќе се опоравува под надзор на нивниот медицински тим.

Губитокот е огромен за Литванија, имајќи предвид дека Јокубајтис е еден од носителите на играта на овој турнир. Пред повредата имаше импресивни бројки – во просек по натпревар 17,3 поени, 2,5 скокови, 8,5 асистенции и 1,5 украдени топки.

Литванија ќе мора остатокот од Евробаскетот да го игра без својот најдобар организатор на игра, што значително ги менува нивните амбиции во продолжението на шампионатот.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА: МИЛИОН И ДВЕСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТЕНИ ДОБИВКИ ВО АВГУСТ!
СледноПомошниот тренер кој го плукна Суарез: Мислев дека ќе ме гризне