Пешиќ: Ако ги смениме амбициите – ќе не стрелаат!

94
ФОТО: FIBA.COM

Кошаркарите на Србија ја остварија и четвртата победа на Европското првенство во Рига, совладувајќи ја Латвија во понеделник навечер.

Србија за првото место во групата А ќе се бори со селекцијата на Турција, а тој натпревар е закажан за среда од 20 часот и 15 минути.

По убедливиот триумф, Светислав Пешиќ зборуваше на неколку теми.

„Четврти натпревар и важна победа, и како секогаш на турнир е важно да се напредува во одредени работи од нашиот концепт во напад и одбрана, да видиме како можеме да играме со друг ростер. Тешко е да се игра со Чешка бидејќи се млада и амбициозна екипа што создава добри меч-ап моменти и секој играч е подготвен да шутира, да напаѓа кош и да креира екстра пас за тројка. Ова е зад нас, се подготвуваме за следното.

Што се однесува до натпреварот со Турција, тоа е голем меч. Можеби еден од најсилните пред квалификациите што и нас и нив не очекуваат, бидејќи играат доста добро и континуирано. Нема изненадувања – ова е најдобрата турска репрезентација во историјата, без да ги сметаме Туркоглу и НБА играчите со Тањевиќ на клупата. Оваа екипа што се склопи е здрава, имаат полн ростер, три високи центри, шутери, и се сериозен кандидат за медали. Кои медали – тоа ќе видиме.“

Искусниот стратег на Србија зборуваше за амбициите на тимот и тоа отворено.

„Кои амбиции? Во кој смисол? Па, ние ќе бидеме стрелани ако ги промениме. Знаеме од каде доаѓаме. Амбициите не се менуваат со Богдан или без него. Амбициите се исти – секој натпревар е најважен. Сега гледаме како да се подготвиме за Турција, па ќе видиме што ќе биде. Големите очекувања не се секогаш добри. Реалните цели се тешко остварливи. Најдобро е да немаш големи очекувања. Очекуваме да видиме како можеме да се подобриме себеси и тимот. Што се однесува до Богдан, секое разделување е емотивно и тешко и ми е жал што вака заврши првенството за него. Знаеме дека Богдан е зад нас, не бодри, и сите би сакале повторно да го видиме – тоа ќе зависи од неговата рехабилитација во Лос Анџелес.“

Пешиќ нагласи и колку се важни меѓучовечките односи:

„Кај нас ништо не се променило. Играчите се поврзаа одлично и сè е добро. Тренираме колку што можеме за да напредуваме преку тренинг. Тренираме и меѓучовечки односи.  Атмосферата и создавањето енергија се работа на сите. Јокиќ е задолжен, како и Тристан. Многу е важно секој да ја разбере својата улога во тимот. Тимот е над сите нас и должни сме така да се однесуваме. Нè чекаат уште тешки мечеви и мораме да бидеме единствени и силни – тоа е гаранцијата за успех. Тренирањето шутеви, системи и одбрани е важно, но исто така е важно да се тренираат и меѓучовечките односи, за играчите да се разбираат и приватно и службено.“

ПретходноДенковски на голот на босански Посушје
Следно„Го продадоа за 145 милиони евра, а се простија со 37 зборови“