Потврдено заминувањето на Стојанов од Брера: Оставката е од лични причини!

157
фото: Brera Strumica (Facebook)

По вчерашната објава дека тренерот на Брера Струмица Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на тимот, денеска од клубот истата ја потврдија и прифатија.

Брера по четири првенствени кола ќе бара нов тренер. Стојанов, како што се вели во соопштението од клубот, поднел оставка од лични причини и истата не се должи на постигнатите резултати на првиот тим на почетокот на оваа сезона.

„Оставката е лична бидејки не можам да ја исполнам мојата визија и планови со екипата во дадените околности. Оваа екипа има потенцијал и верувам дека со посветена работа ќе се исполни зацртаната цел а тоа е опстанок во Првата лига“, вели Стојанов.

Сега останува Брера да назначи ново тренерско решение до следното коло од домашниот шампионат.

Претходно Под слоганот „Дали е некој за ракомет?“ започнува новата сезона на „Ракомет За Секое Дете“  
СледноГарабаја: Сигурен сум дека ќе видиме поинаков Вардар, но и поинаков Пелистер