Македонската репрезентација до 19 години на 4 септември (четврток) во 16:00 часот на Градскиот стадион во Радовиш ќе го одигра првиот контролен натпревар против селекцијата на Босна и Херцеговина.
Двете селекции вториот контролен натпревар ќе го одиграат во Струмица на 6. септември. Натпреварите се дел од подготовките за претстојните предизвици кои ги очекуваат нашите млади фудбалери.