Четвртолигашот Гримсби Таун, кој го изненади Манчестер Јунајтед во втората рунда од Карабао Купот, беше казнет за настап на играч кој не бил правилно регистриран. Станува збор за Кларк Одуор, кој дојде како позајмен играч од Бредофорд еден ден пред натпреварот, го имаше своето деби против „Црвените ѓаволи“. Тој влезе како замена во 73-тата минута, а потоа промаши пенал.
Подоцна се дозна дека тој бил регистриран само една минута по истекот на рокот, што беше 12:00 часот на 26 август. Во соопштението, Англиската фудбалска лига соопшти дека Гримсби сами ја пријавиле својата грешка, која била направена „ненамерно и без никаква намера да се излаже или заведе“. Како резултат на тоа, клубот од Лига 2 едноставно беше казнет со 20.000 фунти, од кои половина се суспендирани до крајот на тековната сезона, наместо да биде исфрлен од натпреварувањето, а Манчестер Јунајтед да продолжи понатаму. Оваа одлука не им се допадна на некои од навивачите на „Црвените ѓаволи“.
Дваесеткратниот шампион има пет дена во рок да поднесе жалба на оваа одлука.