Голманот Иван Николоски е ново име во Струга ТЛ!(ФОТО)

172
ФОТО: FC Struga/FB

Иван Николоски (22) е нов член на Струга ТЛ. Денеска стружани и официјално го промовираа својот нов голман кој и тоа како ќе има предизвик да се наметне ако се знае дека во тимот се и Анџелети и Ќосевски.

Николоски е некогашен младински репрезентативец, а бил член и на Дрита, Победа, Беласица, Силекс, Воска, Саса, Поградец.

Како што дознаваме, до крајот на преодниот рок, Струга ТЛ има намера да се засили со играч за врска и дефанзивец.

Летниот преоден рок во Македонија завршува на 6 септември.

ПретходноЛина со победнички старт на турнирот во Романија
СледноЈунајтед нема да добие службена победа, Гримсби мина само со парична казна!