Двајца Македонци кандидати за членови на важни комисии на ЕХФ!

78

ЕХФ ги објави листите со кандидати за органите на федерацијата за кои ќе се гласа на претстојните избори за Европската ракометна федерација штпо ќе се одржат на 19/20 септември во Австрија.

За 49 отворени места има вкупно 117 кандидати меѓу кои и двајца Македонци.

Генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски е е номиран за член на EHF Court of Handbal. Освен претседател и двајца потпретседатели ќе има уште члена во ракометниот суд, кандидати има 13.

Не треба да се трошат зборови за Марјан Начевски, кој е кандидат за член на EHF Court of Appeal.
Апелацијата покрај претседател и потпретседател има пет члена, а кандидати има 13.

Михаел Видерер и натаму ќе биде прв човек на ЕХФ со оглед на тоа дека тој е единствен кандидат за таа функција.

ПретходноЕрдем тргна со Работнички, тука е и Бабунски!(ФОТО)
СледноНиколче Новески станува дел од тимот на ФФМ! (ФОТО)