Италија ја совлада Шпанија и зачекори кон осминафиналето на Евробаскетот 2025. Вечерва во Лимасол, Италијанците со подобар финиш дојдоа до триумф над бранителот на титулата со 67:63 и ја ставија Шпанија под притисок за пласман во елиминациската фаза.
Вечерва видовме вистинска кошаркарска борба во сите 40 минути и еден од најнеизвесните дуели на ова првенство. Салиу Нианг го заврши натпреварот со 10 поени, 10 скока и две блокади пред да го извитка глуждот во последниот период, додека Мухамет Диуф, со 14 поени, беше најдобар стрелец. Симоне Фонтекио имаше осум поени.
Санти Алдама, со 19 поени, и Серхио Де Лареа, со 16 поени, беа најдобри стрелци кај Шпанија.
Франција по голема борба и го нанесе првиот пораз на Полска. Вечерва Французите славеа во исклучително возбудлив меч со 83:76.
Ова беше трета победа за Франција, која во групата се израмни по бројот на победи со Полјаците. Вечерва во составот на Франција најдобар поентер беше Јабуселе кој беше исклучително расположен и постигна 36 поени. Кај Полска најдобар реализатор беше Лојд со 18 поени.