38-годишната поранешна репрезентативка на Норвешка и член на ЖРК Вардар, Камила Херем, направи неверојатно враќање на теренот само два месеци откако ѝ беше дијагностициран рак.
На 26 јуни, таа објави на Инстаграм дека има рак на дојка. Набргу потоа се појави целосно ќелава на норвешката телевизија во емотивен сегмент, каде што изјави дека третманот поминал толку добро што може да сонува за враќање на ракометниот терен на стартот од сезоната. Сега клубот потврди дека тоа и се оствари, пренесува dagbladet.no.
Херем беше дел од составот на Сола кој во неделата отпатува во Опсал, каде ја започнаа новата сезона во женската ракометна Рема 1000 лига во Норвешка.
View this post on Instagram
Експертот за ракомет на норвешката телевизија TV 2, Бент Свеле, вели дека е во најмала рака изненаден што ѕвездата која боледуваше од рак веќе се вратила на теренот.
„Што да кажам? Малку е неверојатно. Малкумина би поверувале. Одеднаш видов пријателски меч во Виборг, каде што таа трчаше по левото крило. Скокнав од столчето. Фактот дека може да го направи ова по сè што помина – тоа е апсолутно лудо“, изјави Свеле за Dagbladet.
По тест натпреварите, Херем изјави дека враќањето било нешто навистина посебно.
„Навистина беше убаво повторно да се биде на терен, но имаше многу ‘први пати’ низ кои морав да поминам. Излегување во арената без коса и загревање. Мораше да влезам во својата зона, бидејќи имаше навистина огромен број луѓе што гледаа“, рече таа.
Херем ја заврши својата репрезентативна кариера по финалето на Европското првенство против Данска во декември минатата година. За време на репрезентативната кариера освои: две олимписки златни медали, две олимписки бронзи, три светски злата, две светски сребра, една светска бронза, шест европски злата и едно европско сребро.
Таа дресот на ЖРК Вардар го носеше во периодот од 2016 до 2017 година.