Лина со победнички старт на турнирот во Романија

29
ФОТО: Teniska federacija na Makedonija

Успешен старт имаше македонската тенисерка Лина Ѓорческа на ИТФ турнирот во W50 Слобозија, Романија. Таа денеска во првото коло ја совлада домашната тенисерка Симона Огесгу со 2-0 во сетови (63 62) за 88 минути.

Во првиот сет стартните четрири гема ги освојуваше тенисерката која беше на сервис и резултатот беше 2:2, а првиот брејк го направи Ѓорческа. Во деветтиот гем Лина го освои гемот на свој сервис без загубен поен и со тоа најави освојување на првиот сет, кој го доби со 6:3 во гемови. Во вториот сет македонската тенисерка имаше предност од 2:0, а потоа водеше и со 3:2 во гемови и со три гема во низа го заврши сетот со 6:2 искористувајќи ја првата меч топка за конечен триумф во стартниот меч.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра против уште една тенисерка од Романија Бланка Барбулеску (настапува со вајлд карта), која денеска го доби мечот со квалификантката Кристина Новак од Словенија со 2-0 во сетови (63 62). Македонската тенисерка на турнирот е рангирана како трета носителка.

ПретходноБиХ ја шокираше Грција која настапи без Јанис, Израел славеше против Белгија!
СледноГолманот Иван Николоски е ново име во Струга ТЛ!(ФОТО)