У19: Во четврток контрола со БиХ во Радовиш

87
фото: Фудбалска репрезентација на Македонија (Facebook)

Македонската репрезентација до 19 години на 4 септември (четврток) во 16:00 часот на Градскиот стадион во Радовиш ќе го одигра првиот контролен натпревар против селекцијата на Босна и Херцеговина.

Двете селекции вториот контролен натпревар ќе го одиграат во Струмица на 6. септември. Натпреварите се дел од подготовките за претстојните предизвици кои ги очекуваат нашите млади фудбалери.

ПретходноБорче Христов ќе биде новиот тренер на Брера?
СледноАлкараз повторно без загубен сет до полуфинале на УС Опен