„Чкембари“ се мобилизираат, посакуваат Пелистер да дојде до нов пехар на сметка на Вардар 1961

284

Новата ракометна сезона ќе почне со дерби дуелот меѓу Вардар 1961 и Пелистер во рамките на Супер-Купот. Ракометната федерација одлучи мечот да се одигра во Салата „Јасмин“ во Кавадарци. Натпреварот е закажан за утре со почеток во 19 часот. Минатата сезона овој пехар му припадна на Алкалоид.

Последните две средби меѓу двата ривали минаа во знакот на Пелистер. Битолчани прво во СЦ „Јане Сандански“ ја освоија шампионската титула, а пред четири дена исто на теренот на „црвено-црните“ го освоија пехарот во првото издание на Регионалниот турнир.

Битолчани се гладни за нова победа и нов пехар. „Чкембари“ веќе се мобилизираат за дуелот во Кавадарци, на социјалните мрежи потсетија на дел од атмосферата кога двата тима се сретнаа во овој град.

ПретходноМанчестер Јунајтед и Аморим се најголемите губитници на летото, но клучната одлука за јануари е донесена!
СледноВарди потпиша во „пет за 12“: Беше пречекан како еден од најголемите римски императори (ВИДЕО)