Белица и Спахиу го одработија првиот тренинг со Шкендија!

65
ФОТО: KF Shkendija.com

По неколку дена одмор по натпреварот со Лудогорец во Разград, и викендот слободен во првенството (одложување на натпреварот од 4. коло со Работнички), фудбалерите на Шкендија се вратија на тренинзите попладнево, одржувајќи го својот прв тренинг на дожд.
Двете најнови засилувања, Себастијан Спахиу и Егзон Белица, го одработија својот прв тренинг со своите нови клупски колеги, откако се приклучија на тимот за време на мини-паузата. Од друга страна, отсуствуваа шест играчи: Гаје, Р. Рамадани, Вебстер, Мелиќи, Ајети и Цека, кои имаат репрезентативни обврски.

Тимот ќе продолжи да работи до недела, според распоредот составен од техничкиот штаб. Паузата за првенството дојде во вистинско време, давајќи му можност на тимот на Шкендија малку да „здивне“ по напорниот почеток на сезоната, особено поради обврските во Европа, каде што „црвено – црните“ одиграа 8 тешки натпревари за само неколку недели.

ПретходноМајсторија на Талески, со шут од зад грб го совлада Брестовац (ВИДЕО)
СледноХосни ја реши драмата во Кавадарци: Пелистер пак го победи Вардар и го освои Супер-Купот!