Македонскиот репрезентативец, Бојан Димоски денеска беше претставен како ново засилување на српскиот тим ТСЦ. Тој минатата сезона беше член на руски Амкар, додека вториот дел од сезоната замина на позајмица во Партизан.
„Бојан Димоски (роден 2001) е нов играч на ТСЦ. Македонскиот репрезентативец ни пристигна од рускиот Акрон. Својата кариера ја почна во Тетекс, а потоа го носеше и дресот на Вардар и на Брера Струмица, а во Србија има настапувано за Партизан. За репрезентацијата има одиграно 20 натпревари. Добредојде во семејството ТСЦ“ се вели во објавата на српскиот суперлигаш.