Најновото засилување на тимот на Челзи, аргентинецот Гарначо, откри една интересна информација за јавноста. Дека всушност уште од дете е навивач на Челзи и дека негов фудбалски идол е всушност Еден Азар.
„Кога бев дете, ја гледав Премиер лигата затоа што ми се допаѓаше играта на Еден Азар и така почнав да навивам за Челзи. Тој беше пример за респектиран играч, особено затоа што играме на иста позиција и сè друго. Никогаш не сум нервозен кога сум на теренот. Понекогаш се снаоѓаш добро, понекогаш не, но никогаш не се предавам на тоа чувство. Се обидувам да придонесам нешто, да му помогнам на тимот и затоа сум тука и затоа сакам да го правам. Разговарав со Енцо затоа што тој ми е пријател од репрезентацијата и едвај чекам да работиме заедно. Чувството да се приклучам на Челзи е неверојатно, тоа е одличен клуб и едвај чекам да почнам да играм. Мислам дека ова е голем чекор во мојата кариера. Ситуацијата во клубот е добра, па се надевам дека ситуацијата ќе се развие добро за мене“, рече аргентинскиот репрезентативец, кој им се придружи на „сините“ во последните часови од трансфер пазарот“ – изјави Гарначо.