Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

70

Денеска македонската младинска репрезентација до 21. Година замина за Полска каде што ќе го одигра првиот меч од квалификациите. Дуелот е закажан за 5 септември во 18:00 часот, на стадионот во Краков кои што има капацитет од околу 15.000 гледачи.

Нашиот национален тим е подготвен. Селекоторот Горан Станиќ верува во оваа генерација, и е убеден во успех во оваа кампања. Со слично мислење е и Дашмир Елези, во моментов членот на Работнички и еден од главните адути во навалните редови на нашиот национален тим.

„Секако дека сме возбудени поради стартот на квалификациите. Имаме пред себе квалификациски циклус, имаме што да покажеме, мотивирани сме максимално. Полска е квалитетен тим, анализиравме, видовме што требаше да се види. Одиме по поволен резултат, сакаме да освоиме бодови таму, а потоа со сите сили кон Италија и дуелот во Битола. Одиме натпревар по натпревар, бод по бод, до успех на оваа генерација“ – изјави Дашмир Елези.

ПретходноБаерн Минхен испратил „навредлива и срамна“ понуда, клубот целосно ја игнорирал!
СледноЦрна Гора со пораз од Велика Британија испадна од ЕВРО баскетот