Уште една маестрална партија на селекцијата на Германија на ЕП. Вечерва во Тампере, во меч од 5.коло во групата Б, Германците со 91:61 просто ја „збришаа“ домашната селекција на Финска. Па така Германија ја заврши групата на првото место и тоа со пет максимални победи, додека Финска е трета и во осминафиналето ќе игра против поразениот од дуелот меѓу Србија и Турција.
Освен во првата четвртина, која Германија ја доби само со +2 поени, се останато беше на страната на големиот фаворит на оваа средба.
Франц Вагнер со 23 поени беше најефикасен на овој меч.
Па така Германија е прва, следуваат Литванија, Финска и Шведска. Елиминирани се селекциите на Црна Гора и Велика Британија.