Литванија успеа да ја победи Шведска, но сепак далеку од тоа дека беше лесно за големиот фаворит. На крајот резултатот гласеше74:71 што најдобро кажува како беше на овој натпревар во Тампере. Во секој случај Литванија без разлика на овој меч веќе беа во осминафиналето, но сепак сакаа со победа да ги завршат настапите во групата.
Шведска изненадувачки ја доби првата четвртина со 21:14, речиси резултатски егал беше во втората, па така на пауза се замина со +6 за Шведска.
Секако очекувано Литванците малку се “стегнаа“ во продолжение од мечот, во финишот имаше и малку драма, па така тие се “извлекоа“ и победија.
И Шведска е во осминафиналето, како четврта во групата, каде се среќава со победникот од средбата Србија – Турција.