Екипата на Пелистер со трофеј ја стартува новата сезона. Во драматична завршница со голот на Хосни во самиот финиш, битолчани го победија Вардар со 28-27 и го освоија третиот Супер-Куп трофеј во својата историја.
Триумфот над вечниот ривал доаѓа само пет дена после нивната меѓусебна пресметка во рамките на првиот регионален турнир, да не заборавиме дека Пелистер го победи Вардар во Охрид на турнирот „Крсте Андоновски“, а на крајот на сезоната го совлада на гостински терен и ја освои титулата.
Пелистер си го мачка Вардар каде сака и како сака.
