Летонците ја декласираа Чешка и го “заверија“ третото место во групата А!

23
ФОТО: FIBA.COM

Кошаркарите на селекцијата на Летонија и повеќе од убедливо успеаја да слават против Чешка со 109:75. Со оваа победа Летонците и дефинитивно го “заверија“ третото место во групата А, зад Србија и Турција, кои нешто подоцна ќе бијат битка за тоа кој на крајот ќе заврши како првопласиран.

Во ниту еден момент Чесите не беа во позиција да сторат нешто повеќе на овој натпревар, се виде каде, на која страна е квалитетот.

Па така на крајот Летонците славеа убедлива победа. Португалија заврши како четврта, додека Естонија и Чешка се елиминирани, како петти и шести во групата.

ПретходноБарселона официјално потврди, Балде е повреден
СледноКостадинов: Даре, сега ќе те матирам!