Мајсторија на Талески, со шут од зад грб го совлада Брестовац (ВИДЕО)

95

Во овој момент се игра дуелот меѓу Пелистер и Вардар 1961 за трофејот во Супер Купот. Резултатот после првото полувреме е 12-13.

Засега потегот на мечот го има Филип Талески, кој постигна неверојатен гол. Откако првиот удар заврши во стативите, топката се одби кај него и со шут од зад грб го совлада младиот голман Давид Брестовац.


Најголемото водство кое го имаше Пелистер беше три гола разлика, додека Вардар на двапати имаше плус четири, но во самиот финиш на мечот му дозволи на противникот да дојде на минус еден и да ја врати неизвесноста.
Мечот започна со 17 минути доцнење , судиите побараа навивачите на Пелистер да ги испразнат првите три реда од трибината поради безбедност на ракометарите на Вардар. После долго убедување и интервенција на капитенот Филип Кузмановски конечно се создадоа услови.

ПретходноЛеверкузен и Фенербахче го посакуваат Постекоглу за тренер!
СледноБелица и Спахиу го одработија првиот тренинг со Шкендија!