Милевски пред утрешниот меч: Саудиска Арабија е предизвик за сите наши играчи!

55
ФОТО: FFM.MK

Нашата најдобра репрезентација пристигна Прага и на стадионот на Викторија Жижков го одработи тренингот во пресрет на утрешниот натпревар со Саудиска Арабија. Иако станува збор за пријателски дуел, селекторот Благоја Милевски и неговиот тим му пристапуваат со максимална сериозност, имајќи предвид дека веќе за неколку дена следи многу поважниот квалификациски предизвик против Лихтенштајн.

Пред утрешниот меч, кој почнува во 17 часот, Милевски изјави:

Очекувам секој поединец да го покаже својот максимум и да се наметне во зголемувањето на конкуренцијата во тимот. Сакам да видам дека Македонија може, дури и преку оние кои имаат помала минутажа, играчи кои бараат нови средини или подоцна го решија својот клупски статус. Се надевам дека тоа нема да се одрази на нивната физичка подготвеност. Најважно ми е сите да бидат здрави. Саудиска Арабија е редовен учесник на Светските првенства и го гледам дуелот како еден предизвик за сите наши играчи. Мислам дека сите кои ќе настапат, ќе бидат во функција на она што не очекува во недела, тоа е дуелот со Лихтенштајн”.

ПретходноКостадинов: Даре, сега ќе те матирам!
СледноЛеверкузен и Фенербахче го посакуваат Постекоглу за тренер!