Иако со мали потешкотии во третиот сет, Новак Ѓоковиќ го совлада Тејлор Фриц и обезбеди пласман во полуфиналето на УС Опен. Српскиот тенисер ја заврши работата за три часа и 27 минути со победа од 3:1 (6:3, 7:5, 3:6, 6:4). Во битка за финале, Новак за противник ќе го има Карлос Алкараз.
Она што е импресивно кај оваа победа е податокот дека Ѓоковиќ никогаш во кариерата нема загубено четвртфинале на УС Опен. Досега во оваа фаза играл 14 пати и сите 14 пати славел, што досега во историјата на тенисот успеало уште само на Џими Конорс.
Сега српскиот ас се изедначи со него и се етаблира на врвот на уште еден рекорд кој ќе се памети долго. Новак првпат се пласираше во полуфинале на грен-слемот во Њујорк уште во 2007 година.
Покрај тоа, УС Опен потсетува дека Ѓоковиќ сега на тој турнир има неверојатни 16:0 против американски тенисери.
Novak Djokovic has never lost a US Open quarterfinal! pic.twitter.com/jtEOiXukr1
— US Open Tennis (@usopen) September 3, 2025