Ноле со специјален танц и го честиташе роденденот на Тара: Љубов, ова е за тебе (ВИДЕО)

219
Фото: YouTube/US OpenChampionships/Screenshot

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на УС Опен откако по голема борба го совлада Тејлор Фриц (3:1), иако целиот стадион беше на страната на Американецот. Во одредени моменти навистина беше непријатно поради однесувањето на публиката. Сепак, Ѓоковиќ издржа и на свирежите од трибините, само за да ѝ го честита роденденот на ќерката Тара и да ја израдува со победа.

И успеа во тоа – повеќе не го интересираше навивачката нетолеранција, направи срце со рацете и ѝ се обрати директно, порачувајќи ѝ дека се надева оти е среќна што ја отпеа и „одигра“ песната на еден К-поп бенд кој таа го обожава.

„Да, ова ќе биде убав подарок за неа. Сега е 20 минути до полноќ, така што ова е вистинскиот подарок за неа. Ми рече да играм на една корејска песна. Не знаев за тоа, ми кажа пред неколку месеци. Се надевам дека ќе се насмее кога ќе стане утре наутро, наводно тоа е многу популарно кај тинејџерите и нејзината генерација“, се насмеа Ѓоковиќ. 

ПретходноНовак Ѓоковиќ завери полуфинале и стигна до нов рекорд на УС Опен!
СледноСпанулис најде утеха после лекцијата од Босна: Грција никогаш не успеавала кога победувала се во групата!