Официјално: КК Пелистер се засили со репрезентативецот Андреј Митревски!

52
ФОТО: KK Pelister/FB

Македонскиот репрезентативец Андреј Митревски е најнов член на Пелистер, кој со години важи за еден од најперспективните домашни играчи во Првата лига.

Митревски своите квалитети ги покажа и во претходниот претквалификациски циклус за СП 2027 во кој беше меѓу ретките светли точки во македонскиот национален тим, во просек бележејќи по 10,3 поени, 2,5 скокови и 2 асистенции по натпревар.

За услугите на овој кошаркар, кој доаѓа од редовите на скопскиот прволигаш Феникс, се интересираа и неколку клубови од американската НЦАА-лига, но тој го избра токму Пелистер како идеална опција за напредок во кариерата.

Митревски ги покрива позициите „еден“ и „два“, каде ќе му биде од огромна корист на тренерот Даскаловски за остварување на зацртаните цели за новата натпреварувачка сезона.

ПретходноПелистер го елиминираше Тетекс во Купот на Македонија
СледноБарселона официјално потврди, Балде е повреден