Иако му донесе трофеј на Тотенхем и тоа подолго време, и тоа во Лигата на Европа, “спарси“ му врачија отказ на Ангелос Постекоглу.
Сепк тој и натаму е на цена. Имено два клуба кои во изминатите ден – два им врачија откази на своите стратези, Баер Леверкузен и Фенербахче, го посакуваат Постекоглу за свој шеф на стручниот штаб.
Познато е дека Леверкузен му врачи отказ на Ерик тен Хаг а Фенербахче на Жозе Мурињо.
Како што велат шпекулациите, неговиот менацер веќе разговарал и со двата клуба, па сега време е за одлука.