Со пресврт во резултатот, прволигашот Пелистер, предмалку во Куп пресметката успеа да го елиминира второлигашот Тетекс со конечни 1:2, и на тој начин да се пласира во следната фаза од ова натпреварување.
Домаќинот на овој меч успеа преку Даниел Николовски во 35. минута од мечот да реализира за водство и за радост на навивачите.
Сепак, во вториот дел, Пелистер успеа да се консолидира играчи, а и резултатски. Најпрво Христијан Стојановски успеа да го анулира домашното водство и да израмни на 1:1. Тоа се случи во 52. минута, па гостите имаа доволно време да направат и комплетен пресврт.
Тоа се случи на пет минути до истекот на регуларните деведесет минути, кога искусниот Стефан Спировски успеа да погоди за водство од 1:2, и за комплетен пресврт.
Вториот дуел од денешната Куп програма, Пчиња – Новаци заврши со резултат 0:3. Двоен стрелец Стефан Каревски, а погоди и Антониот Марцевски.