Македонската фудбалска репрезентација е на пат кон Прага каде утре на стадионот „Жижков“ ќе одигра пријателски натпревар против Саудиска Арабија во рамките на подготовките за квалификацискиот дуел со Лихтенштајн во битката за пласман на СП 2026.
Противникот на Боби Милевски и неговите момци веќе е во Чешка уште од пред четири дена. Покрај Македонија, С.Арабија ќе одигра пријателски дуел и со Чешка како дел од подготовките за плеј-оф мечевите за пласман на Мундијалот.
Селекторот, Ерве Ренар на располагање има фудбалите кои играат во домашниот шампионат, само двајца играат во странство, еден во Лозана (Мохамед Ал Сат) и еден во Антверп (Марван АлСахафи).
Мечот меѓу двете селекции е закажан со почеток во 17 часот, стадионот „Жижков“ има капацитет од нешто помалку од 3.000 места.