Тен Хаг за само два месеци на клупата на Баер сериозно ќе ги наполни џебовите!

53

Ненадејното отпуштање на Ерик тен Хаг од Баер Леверкузен ќе му донесе сериозна финансиска компензација на холандскиот стратег, пишува „Билд“.

Според информациите, стручњакот, кој се задржа само два месеца на клупата, ќе добие речиси 5 милиони евра обештетување. Така, заедно со платите за двата месеца работа, веќе поранешниот тренер на Леверкузен ќе инкасира вкупно околу 6 милиони евра.

Тоа значи дека Холанѓанецот ќе го чини Баер околу 100.000 евра дневно.

Тен Хаг беше отпуштен по само два меча од новата сезона во Бундеслигата, откако тимот освои само еден бод. Во последниот натпревар, екипата прокоцка предност од два гола и играч повеќе против Вердер Бремен. Самиот Тен Хаг изрази недоумение и изненадување од одлуката на клубот, објаснувајќи дека сите тимови кои досега му укажале доверба биле наградени со трофеи.

Холанѓанецот претходно собра сериозна сума на пари и од Манчестер Јунајтед по отпуштањето, во износ од околу 14,5 милиони фунти.

ПретходноСаудиска Арабија веќе е во Чешка – ја чека Македонија
СледноЃоковиќ: Сите очекуваат финале меѓу Синер и Алкараз, ќе се обидам да им ги расипам плановите!