Голема драма во салата „Јасмин’ во Кавадарци. Супер-Куп трофејот му припадна на Пелистер, кој славеше со против Вардар со 28-27. Ако се суди според денешната битка, во новата сезона дефинитивно ќе гледаме интересни пресметки меѓу двата тима.
Јунакот на битолчани е Хосни, кој речиси во финишот на мечот реализираше за голема победа. Тој зад своето име запиша 10 погодоци, шест одбрани имаше Брестовац. На другата страна Кавада имаше шест гола.
Мечот стартуваше со 17 минути задоцнување, судиите побараа навивачите на Пелистер да ги испразнат првите три реда од трибината поради безбедност на ракометарите на Вардар. После долго убедување и интервенција на капитенот Филип Кузмановски конечно се создадоа услови.
Две технички грешки на „црвено-црните“, на другата страна два гола за Пелистер преку Хосни и Радивојевиќ. Кеита го постигна првиот гол за Вардар во четвртата минута за 2-1. По првата одбрана на Валац, Талески изедначи на 4-4 во деветата минута.
Од 12-та минута Пелистер влезе во криза (технички грешки, нереализиран седмерец), на другата страна Вардар искористи и со серија од 5-0 поведе со 6-10 на стартот на 20-та минута. „Црвено-црните“ остнаа со играч помалку, а Хосни ја прекина серијата на противникот за 8-10. Но, Вардар успеа да ги консолидира своите редови и во 26-та минута да дојде до нови плус 4 (9-13). Шампионот одговори со три гола во низа намали за 12-13 на одморот.
Серијата на Пелистер продолжи на стартот на вториот дел, со два гола за 14-13. Радивојевиќ поради груб фаул заработи директен црвен картон во 33-тата минута.
Мечот продолжи со игра гол за гол, со тоа што минималната предност ја имаа битолчани. По втората одбрана на Брестовац, Кузмановски донде плус два (17-15). Неизвесноста се врати, Кавада израмни на 17-17 во 40-та минута. Актуелниот првак на половина од второто полувреме имаше плус два (22-20) и тоа благодарение на Тајник. Младиот голман Брестовац ја запипа петтата одбрана, а неговиот тим поведе со 26-22.
Вардар 1961 не се откажа, со четири гола во низа израмни на 26-26 на три и пол минути до крајот за голема драма. Гогов профункционира во вистинско време, запиша две важни одбрани, една од седум метри. Брестовац му фати топка на Талески, Манасков од седум метри реализираше за 27-26 на минута до крајот. Кавада израмни на 27-27 со шестиот седмерец. Остана 15 секунди, напад на Пелистер за напад, Хосни реализираше за 28-27.