Ѓорческа убедливо до четвртфиналето

19

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја оправда фаворитската улога во денешниот меч од второто коло на турнирот во Слобозија, Романија што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Таа како трета носителка без поголеми проблеми ја совлада домашната тенисерка Бјанка Барбулеску со 2-0 во сетови (62 60) за 65 минути игра. Мечот беше изедначен само на почетокот и резултатот 2:2 во гемови во првиот сет. Од тој момент до крајот на сетот македонската тенисерка направи серија од десет гемови.

Првиот сет го заврши со 6:2, а вториот со максимални 6:0.

Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против тенисерката од Хрватска Луција Ќириќ Багариќ, која оствари победа денеска со 2-0 во сетови (62 63) против Миа Ристиќ од Србија.

ПретходноПортугалија ја заврши задачата против Естонија
СледноGoPro часови со Александар Трајковски – од соба број 1025 во DoubleTree by Hilton до почетокот на тренингот.