Македонската фудбалска репрезентација веќе е во Прага, каде што утре со почеток од 17:00 часот ќе го игра пријателскиот дуел со соодветната селекција на Саудиска Арабија.
Нашиот национален тим денеска отпатува за Чешка, а веќе утре ќе го одигра дуелот, по што следува враќање во Скопје и подготовка за она што вистински следува. А тоа е квалификацискиот дуел против репрезентацијата на Лихтенштајн на 7 септември на Арената Тодор Проески во Скопје.
Во меѓувреме, нашите репрезентативци се подготвуваа во базата во хотел Хилтон, а преку професионалната GO PRO камера „закачена“ за Александар Трајковски, јавноста има можност да „сними“ како изгледа еден обичен ден на фудбалската репрезентација на Македонија.