ЕП 2025: Германија ја “збриша“ Финска за “пет од пет“!

40
ФОТО: FIBA.COM

Уште една маестрална партија на селекцијата на Германија на ЕП. Вечерва во Тампере, во меч од 5.коло во групата Б, Германците со 91:61 просто ја „збришаа“ домашната селекција на Финска. Па така Германија ја заврши групата на првото место и тоа со пет максимални победи, додека Финска е трета и во осминафиналето ќе игра против поразениот од дуелот меѓу Србија и Турција.

Освен во првата четвртина, која Германија ја доби само со +2 поени, се останато беше на страната на големиот фаворит на оваа средба.

Франц Вагнер со 23 поени беше најефикасен на овој меч.

Па така Германија е прва, следуваат Литванија, Финска и Шведска. Елиминирани се селекциите на Црна Гора и Велика Британија.

ПретходноЕлмас: Саудиска Арабија е одлична увертира за тоа што ни следува!
Следно„Зелено-бела“ доминација: Пелистер си го „мачка“ Вардар каде сака и како сака (ФОТО)