Со победата над Грузија, од конечни 84:76, репрезентацијата на Босна обезбеди пласман во елиминационата фаза од ЕВРО баскет самитот кој што се одржува во моментов. Босанците ќе бидат дел од осминафиналето откако одиграа и повеќе од добар натпревар денеска, добија три од четирите можни четвртини и заслужено се онаму каде што се.
Најдобар поединец кај победничкиот тим беше Јусуф Нуркиќ со 15 поени и 12 скока. Од друга страна пак, Мамукемашвили најдобар стрелец на мечот со 20 поени.
Од друга страна пак, тимот на Франција без поголеми проблеми го победи Исланд со убедливи 114:74.