Дончиќ откри зошто го немаше при интонирањето на химната: Не можев да издржам!

224
фото: fiba.basketball

Кошаркарската мега-ѕвезда во дресот на Словенија, Лука Дончиќ, на изненадување на сите во салата во Катовице, но и за гледачите пред ТВ-екраните не се појави на паркетот за време на интонирањето на словенечката химна. Запрашан за причината зошто го немаше на официјалната најава на мечот, Дончиќ искрено одговори:

„Тоа беше затоа што морав да направам нешто во тоалетот. Немаше да го пропуштам интонирањето на химната да можев да издржам, но не можев да чекам до полувремето“, изјави словенечкиот ас со насмевка.

ПретходноМитровиќ замина од С. Арабија и се пресели во Катар
СледноЛегендарниот тенисер откри дека се бори со канцер на простата