Во одлучувачкиот натпревар од последната рунда во групната фаза, кошаркарите на Грција ја совладаа Шпанија со 90:86 и го елиминираа бранителот на титулата уште во првата фаза од шампионатот, што е рамно на сензација. Шпанија иако на ова ЕП дојде сериозно ослабена, малкумина можеа да претпостават дека ќе завршат со настап уште по првите пет средби во групата.
Грција со вечерашната победа дојде до првото место во групата Ц и го избегна можниот дуел со Франција, ако случајно вечерва загубеа од Шпанците. На патот кон четвртата победа, нашиот јужен сосед беше предводен од првата ѕвезда во тимот, Јанис Адетокумбо кој средбата ја заврши со 25 пооени и 13 скока. Втор стрелец беше Дорси кој постигна 22 поени.
Кај Шпанија Прадиља со 14 поени и Сент-Супери со 13 беа најефикасни.
Во вториот меч вечерва Белгија ја победи Полска со 70.69, но овој меч не промени ништо во изгледот на табелата. Полјаците останаа втори зад Франција, а Белгија го заврши првенството.