Конечно убави вести за Пешиќ и Србија!

160
ФОТО: FIBA.COM

Србија има бројни проблеми на Европското првенство. Веќе во вториот натпревар остана без капитенот Богдан Богдановиќ, а вчера пристигнаа нови лоши вести.
Тристан Вукчевиќ го пропушти натпреварот против Турција поради повреда на тетивата, а потоа Алекса Аврамовиќ го напушти теренот за време на натпреварот.
Тие проблеми и тоа како ја загрижија Србија.

Сепак, сè ќе биде добро за „Орлите“, па Аврамовиќ и Вукчевиќ ќе бидат подготвени да го продолжат првенството. Тоа се убави вести и за селекторот Светислав Пешиќ.

Небојша Човиќ, првиот човек на Кошаркарскиот сојуз на Србија, го потврди ова во интервју за РТС.
„Алекса Аврамовиќ штотуку дојде од прегледите и сè ќе биде во ред“, рече Човиќ и додаде:

Што се однесува до Тристан Вукчевиќ, и тој ќе биде добро. Се надевам дека повредите ќе нè заобиколат“.

Инаку пред Србија е меч со Финска во осминафиналето или нокаут фазата кој се игра во сабота во Рига.

ПретходноОдлична вест: Марко Митев и Никола Костески наскоро се враќаат на терените!
СледноЌе игра за Ал Рајан, ама ќе го плаќа и Ал Хилал!