Алкалоид ги прави последните подготовките за реванш мечот против Хановер во квалификациското коло за пласман во групната фаза во Европската лига. На првата средба на гостински терен, актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп беше совладан со десет гола разлика 37-27. Сликата од оваа средба не е реална, бидејќи избраниците на Кирил Лазаров промашија пет удари од седум метри и не реализираа од чисти позиции.
На реваншот, кој се игра во сабота во салата „Автокоманда“ очекуваат да се покажат во подобро издание. Пред оваа средба Алкалоид ќе го добие пехарот од ЕХФ Европскиот Куп, што пак ќе биде дополнителен мотив за пресметката со бундес-лигашот.
„Во сабота го играме реванш дуелот против Хановер за кого не треба многу да забориме, минатата сезона беше лидер повеќе од осум месец во најсилната лига во светот, оваа сезона е зсилен со квалитетни играчи.
Нереални и неочекувани десет голови раазлика. Сабота е убав ден за она што го направивме минатата сезона, ќе го подигнеме пехарот во ЕХФ Европскиот Куп, успеавме да го сториме тоа со македонски тим базиран на македонски играчи. Навистина неубаво чувство, бидејќи ќе го подигнеме со десет гола неагатива од Германија, но сме биле во почудни ситуации, ќе се адаптираме и ќе пробаме да се израдуваме, ќе пробаме да одиграме квалитетен и комплетен меч. Им кажав на моите играчи, во сабота треба да го оставиме срцето на терен, поради нас, поради клубот, поради симпатизарите“, рече на Лазаров на официјалната прес-конференција пред мечот.
Предводникот на Алкалоид не крие дека бил разочаран, но верува дека ќе бидат подобри и ќе го покажат најдоброто и тоа пред своите навивачи.
„Бев разочаран, доста непреспиени ноќи, тоа е спортот се случуават нереални работни, штета што македонската телевизија најави, но македонската јавност не може да го види мечот. Хановер во сабота ќе биде подобар, на секое зошто имаат затоа. Ние не сме наивни, ќе се подготовиме и ќе го дадеме најдоброто од нас. Ќе одиграме комплетен меч, што значи тоа ќе видиме после 60 минути“.
Натпреварот меѓу Алкалоид и Хановер е закажан со почеток во 19:30 часот.