Легендарниот шведски тенисер и 11-кратен освојувач на Грен слем титули, Бјорн Борг, боледува од канцер. Веста ја објави шведскиот печат, повикувајќи се на новата автобиографска книга на Борг која ќе биде објавена на 18 септември.
Според информациите, Борг се бори со рак на простата.
Легендарниот тенисер има 69 години. Својот последен Грен слем турнир го освои во 1981 година (Ролан Гарос).