Македонија до 19 години поуспешна од БиХ на првата контрола

83

Македонската репрезентација до 19 години ја победи селекцијата на Босна и Херцеговина со 2-0 на денешниот пријателски натпревар одигран во Радовиш. Двата гола беа дело на Стефан Младеновски, по еден во првиот и во вториот дел. Првиот гол Младеновски го постигна во 29. минута од средбата. Откако Терзиќ загуби една топка, ја одзеде Хоџа кој додаде до Младеновски, а овој од прва погоди во голот на гостите. Резултатот од 1-0 беше актуелен во првиот дел. На стартот од вториот дел репрезентацијата на БиХ имаше неколку полушанси. Првиот обид го одбрани голманот Илоски, додека Косо во 56. минута шутираше непрецизно. Шанса за Македонија имаше Киш во 61. минута кога не успеа за дел од секундата да ја стигне топката, а во 85. минута ударот на Младеновски го брани голманот Бањиќ. Вториот гол се случи во 89. минута. Беше досуден пенал по прекршок во шеснаесетникот на БиХ, а сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Младеновски кој ги постави конечните 2-0. На 6-ти септември (сабота) ќе се одигра вториот меч меѓу овие две репрезентации на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР, РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ДО 19 ГОДИНИ МАКЕДОНИЈА – БИХ 2-0 (1-0) Стрелец: Стефан Младеновски 29′, 89′ (п) МАКЕДОНИЈА: Давид Илоски, Игор Ристов (74′ Златко Радески), Горазд Ристовски (86′ Андреј Мурџески), Назиф Цека, Лука Атанасовски, Давид Стојаноски, Ненад Дајманоски (64′ Каменчо Андоновски), Емир Шаботиќ (86′ Виктор Делов), Дитмир Хоџа (74′ Димитар Шаркоски), Марко Киш (86′ Ариф Локи), Стефан Младеновски. Селектор: Ерхан Селими. БИХ: Тарик Бањиќ, Филип Шакота, Петар Ѓукановиќ (81′ Данило Вујичиќ), Адмир Гојак, Јусуф Терзиќ (66′ Армин Спахиќ), Дарко Башиќ (60′ Хамза Реџиќ), Миљан Пантиќ (73′ Махир Бешиќ), Дин Рамиќ (81′ Антонио Араповиќ), Дино Делиќ, Бакир Косо (66′ Емин Хрњиќ), Амар Цериќ (73′ Дин Делиќ). Селектор: Дубравко Орловиќ.

ПретходноФудбалско совршенство…. голот на Трајковски е еден од најубавите во историјата (ВИДЕО)
СледноВелс победи и е лидер во нашата група