Македонија денеска од 17 часот во Прага, ќе го одигра својот трет пријателски меч во својата историја со селекцијата на Саудиска Арабија. Досега има пораз и реми. На 22 октомври 2022 година во Абу Даби, предводени токму од сегашниот селектор Благоја Милевски, во еден комбиниран состав загуби со 0:1.
Ова беше составот на Македонија на тој меч во Аби Даби:
Наумовски, Тошевски, Брдаровски, Бејтулаи, Велковски, Адем, Димоски, Хасани, Дориев, Максимов, Ибраими
Играа уште: Стојановски, Трапановски, Илиевски, Шабани, Николов, Алексовски, Мерџани, Младеновски.
Од сите нив денеска се очекува да настапат Велковски, Илиевски и Алексовски.
Претходно на 1 август 2001 година, тогаш Македонија во Ријад одигра 1:1 против домашната селекција на Саудиска Арабија.