Макс со една изјава отвори врата за можен трансфер во Ферари?

47
ФОТО: F1 Red Bul/FB

Светскиот шампион во Формула 1 со една своја изјава како да навести можен трансфер во болидот на Ферари. Имено, Верстапен ги наведе условите под кои би размислил за напуштање на Ред Бул и продолжување на карирата во еден од иконските Ф1 тимови – Ферари.

„Ферари е огромен бренд и секако сите возачи се замислуваат себеси таму. Но, според мене, оттука доаѓа грешката – кога само сакате да возите за Ферари. Ако сакате да возите за Ферари, мора да се стремите кон победи. Ако некогаш одам таму, тоа нема да биде само за да возам за Ферари, туку за да победувам. А победата со Ферари е уште подобра“, изјавил Холанѓанецот.

ПретходноБитките тргнуваат во сабота: Комплетирани осминафиналните парови за Евробаскетот 2025