Милевски: Добивме двајца нови играчи, ова беше подготовка за Лихтенштајн

208

По поразот на контролниот натпреварс со Саудиска Арабија, селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски, го прокоментира денешниот дуел во Прага.

„Секако дека има моменти кои прават да сум задоволен од овој натпревар со Саудиска Арабија. Експериментирав со стартниот состав и со измените. Добро е затоа што добивме уште двајца нови играчи кои ќе ја зголемат конкуренцијата во тимот. Ова беше подготовка за тоа што следува в недела. Игравме против квалитетен ривал и може да бидеме задоволни. Следува Лиштенштајн, против кого треба да го дадеме максимумот“, рече Милевски веднаш по мечот во Прага.

ПретходноНеверојатниот Дончиќ донесе нова победа за Словенија, Италија го „прескокна“ Кипар
СледноТрајковски: Ова беше тежок меч од кој мора да извадиме поука