Митровиќ замина од С. Арабија и се пресели во Катар

75
фото: FN_Updates001 (X)

Српскиот репрезентативен напаѓач, Александар Митровиќ од денеска е нов фудбалер на Ал-Рајан во Катар. Тој претходно играше за Ал-Хилал, но замина во Ал-Рајан како слободен агент.

Србинот потпиша договор до летото 2028 година. 30-годишниот Митровиќ беше дел од Ал-Хилал од август 2023 година. Во овој период постигна 68 гола и имаше 15 асистенции на 79 натпревари.

ПретходноПо 25 години: Даниел Леви замина од претседателското место во Тотенхем
СледноДончиќ откри зошто го немаше при интонирањето на химната: Не можев да издржам!