Словенечката кошаркарска репрезентација славеше над Израел со 106:96 во последниот натпревар од групата на Европското првенство во Катовице. Ова значи дека Словениците ја завршија групната фаза на третото место и ќе се соочат со второпласираниот тим од Групата Ц во осминафиналето.
И на денешниот дуел Словенија беше на крилата на Лука Дончиќ кој со 37 поени, 11 скока и девет асистенции ја донесе победата.
Во вториот меч кој се играше во ист термин, италијанската репрезентација го победи Кипар со 89:54 во натпреварот од последното коло во Групата Ц.
„Аѕурите“ го презедоа врвот на табелата со скор од 4 победи и само едне пораз и ќе останат таму доколку Шпанија ја победи Грција во последниот натпревар од групата.
Симоне Фонтекио постигна 13 поени за само 15 минути и беше еден од двајцата најефикасни во тимот на Италија. Вториот беше Матео Спањоло кој постигна ѕсто толку поени за 29 минути на паркетот.
Мохамед Диуф го заврши натпреварот со 12 поени.