„Ножичките“ на Трајковски донесоа водство, С.Арабија израмни против Македонија (ВИДЕО)

156

Фудбалската репрезентација на Македонија во моментов го игра пријателскиот дуел против Саудиска Арабија во Прага, Чешка, а на полувреме резултатот е 1:1.

Нашиот национален тим игра во ко,биниран состав, но и така успеа да дојде во водство со фантастичниот гол на Александар Трајковски, кој што во 40. минута од мечот, на асистенција на Стефан Деспотовски успеа со „ножички“ да постигне ретко виден гол.

Сепак, до крајот на полувремето противникот успеа да израмни преку Ал Бураикан кој што реализираше по една добро одиграна акција по средината на теренот.

 

ПретходноУапсен навивач на Пелистер по вчерашното дерби со Вардар
СледноФудбалско совршенство…. голот на Трајковски е еден од најубавите во историјата (ВИДЕО)