Одлична вест: Марко Митев и Никола Костески наскоро се враќаат на терените!

74

Кирил Лазаров на официјална прес-конференција пред реванш дуелот со Хановер во рамките на квалификациското коло за пласман во групната фаза во Европската лига, зборуваше за здравствениот билтен во редовите на Алкалоид. Добро е познато дека Марко Митев и Никола Костески веќе долго време се надвор од терените, но Лазаров најави нивни кам-бек во скоро време.

Митев ќе се врати за еден месец и ќе биде во составот на македонската репрезентација за ЕП во Данска. Во стројот на актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп ќе се врати за ист временски период и Костески.

ПретходноЃорѓиев: Негативата е голема, но ние нема да се откажеме во ниеден момент
СледноКонечно убави вести за Пешиќ и Србија!