Очекувано, доминантно, лесно: Јаник Синер со пласман во полуфиналето на УС Опен!

50
ФОТО:USOpen/FB

Јаник Синер е последниот патник во полуфиналето на УС Опен откако ноќеска успеа да го победи Лоренцо Мусети во италијанското четвртфинале со максимални 3:0 во сетови.

Очекувано, доминантно, лесно најдобриот тенисер успеа да слави против својот сонародник и си закажа полуфинале со Феликс Оже – Алијасим од Канада на последниот гренслем за оваа 2025.

Синер првиот сет го доби со 6:1, во вториот имаше нешто потешка задача за 6:4 а во последниот беше 6:2. Овој дуел траеше вкупно два часа.

Со ваквиот настап и доминација, Јаник Синер покажа дека и тоа како атакува на триумф на УС Опен.

Да потсетиме дека во второто полуфинале се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.

ПретходноНагелсман пред дуелот со Словачка: Сите ние сакаме да го освоиме СП 2026!
СледноТен Хаг би можел да се врати во Ајакс?!