Денеска фудбалската репрезентација на Македонија, во Прага, Чешка, го игра пријателскиот меч против соодвената селекција на Саудиска Арабија. Дуел кој што е претходница на квалификацискиот меч од Мундијалската кампања, на 7 септември на Арената во Скопје.
Нашиот напаѓач, Милан Ристовски очекува денеска од 17:00 часот добар дуел кој што ќе биде најава за она вистинското за три дена во Скопје.
„Не очекува добар натпревар,проверка за сите нас. Контрола, за која сметам дека има позитивни страни. Сакаме да одиграме добар меч, да се претставиме во најдобро светло. Имаме еден исклучително добар и позитивен период зад нас, што ни дава за право да сметаме и денеска на добра наша изведба.
Секако, се е ова подготовка за она што следува против Лихтенштајн. Направивме кратка анализа на тимот на Заудиска Арабија. Добар тим, со добри индивидуалци. Тим кој преферира да игра фудбал, што сака посед што ни одговара и на нас. Конечно, за мечот против Лихтенштајн мислам дека ова е еден од најважните мечеви во оваа група. Играме добро, бележиме супер резултати. Затоа сакам добро одигран дуел против С.Арабија како најава за она што следува против Лихтенштајн“ – изјави Милан Ристовски.