Македонската фудбалска репрезентација денеска од 17:00 часот во Прага, Чешка, го игра пријателскиот дуел против соодветната селекција на Саудиска Арабија. Овој дуел секако е претходница на главниот во овој репрезентативец прозорец, а тоа секако е квалификацискиот дуел од Мундијалската кампања на 7 септември во Скопје против Лихтенштајн.
Македонија денеска настапува во комбиниран состав, во кој на голот секако е Димитриевски, а како десен бек ќе настапи Деспотовски. До него е Велковски, па Серафимов, Муслиу, а последната линија ја пополнува Алиоски.
Во средниот ред ги имаме Станковски, Алими, Атанасов, а во нападот Ристовски и Трајковски.